Канада до крајот на 2016 година ќе прими 50 илјади бегалци што е двојно повеќе од првобитната бројка која беше најавена, изјави министерот за бегалци на Канада Џон Мекулм за време на посетата на бегалскиот камп во јорданската престолнина Аман.
Канада претходно најави дека ќе прими 25 илјади бегалци од Сирија, но сега тој број ќе го зголеми.
Маклум за време на посетата во кампот разговарал со бегалците.
– Во Канада сите чекаат да се запознаат со вас – изјавил министерот на Канада.
Од министерството наведуваат дека во Канада досега пристигнале 1.409 бегалци.
Канадскиот премиер Џастин Трудо ја пречека првата група бегалци на аеродромот во Торонто со зборовите „добредојдовте дома“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.