| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува усогласувањето на платите во МВР, од март ново зголемување

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавко, денес истакна дека овластените службени лица и униформираните полициски службеници мартовската плата ќе ја примат повисока за пет проценти како резултат на изедначувањето на платите во МВР со сличните служби договорено минатата година.

mitko-cavkov11-640x360

 

-Согласно со предвидената диманика, второто усогласување на платите е предвидено да се направи на платата за март 2016. Со платата за март сите овластени службени лица и сите полициски службеници во МВР ќе добијат плати кои ќе бидат повисоки за пет проценти во однос на нивната февруарска плата. Усогласувањето според стратегијата и според програмата на Владата од 2014/2018 година ќе продолжи до крајот на 2017 година, кога основната плата на лицата со посебни должности и овластувања во МВР ќе се изедначи со основната плата на лицата со посебни должности и овластувања со Царинската управа, Управа за финансиско разузнавање, Финансиска полиција и тоа е крајната цел – потенцираше Чавков.

Тој посочи дека на овој начин се исправува децениската неправда, а се исполнува и ветеното.

-Ефектите од оваа мерка, која е дел од програмата за работа на Владата, веќе ја почувствуваа преку 10.000 вработени, како и нивните семејства. Оваа мерка по нејзината целосна реализација треба да резултира со зголемување  на околу 20 проценти на основната плата на овластените полициски службеници и службени лица до крајот на 2017 година, нагласи Чавков.

Ваквата одлука беше донесена по долгите преговори со Македонскиот полициски синдидат (МПА) и конструктивната дебата.

– Докажуваме дека кога се има искрена волја и чесна намера преку конструктивна дебата со Македонскиот полициски синдикат како репрезентативен синдикат може да се дојде до позитивни решенија – заклучи дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top