| четврток, 6 декември 2018 |

Непријатност на аеродромот во Токио, Меси нападнат од навивачи на Ривер Плата

mesi

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси беше цел на вербален напад од навивачите на Ривер Плата на аеродромот во Токио пред враќањето на фудбалерите на Барселона кон Каталонија.

Нејасно е што не им се допаднало на аргентинските љубители на фудбалот, но еден од нив почнал да го навредува Меси, а потоа други навивачи на Ривер му се придружиле. Најдалеку отишо друг навивач кој дури плукнал кон ѕвездата на Барселона, но не го погодил. Во одбрана на нивниот сонародник веднаш пристапиле тренерот Луис Енрике, потоа Хавиер Маскерано и Луис Суарез.

Аргентинскиот весник „Оле“ остро го осуди инцидентот со образложение дека Меси со ништо не заслужил ваков однос. Освен тоа, во информацијата се потенцира неговото спортско однесување и фактот дека тој им се извини на навивачите откако го постигна првиот гол за Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top