| четврток, 6 декември 2018 |

„Чичко Дру“ се врати за нова победа на Кливленд (видео)

kajri irving

По пауза од шест месеци поради тешка повреда, во тимот на Кливленд се врати Кајри Ирвинг и веднаш се виде на теренот дека тој ќе биде од голема помош за Леброн Џејмс и другарите во понатамошниот дел од сезоната и плејофот секако.
„Чичко Дру“ одигра 17 минути и реализираше 12 поени и четири асистенции во победата на Кливленд над Филаделфија од 108-86. Гостите беа рамноправен противник само во првата четвртина која ја добија со 25-21, но веќе во вториот период минатогодишниот вицешампион покажа дека поквалитетна екипа и направи голема разлика до полувремето (55-38).
Во второто полувреме тренерот Дејвид Блат можеше да ги одмара најдобрите играчи за следните натпревари.
Се разбира, најефикасен беше Леброн Џејмс со 23 поени, а одличен натпревар одигра Метју Делаведова кој потсети на ланските изданија и заврши со 20 поени. На другата страна, убедливо најдобар играч беше Ноел Нерленс кој реализира 15 поени и 12 скока.

НБА резултати:
Денвер – Њу Орлеанс 125-130, Орландо – Атланта 100-103, Торонто – Сакраменто 94-104, Феникс – Милвоки 95-101, Кливленд – Филаделфија 108-86, Мајами – Портланд 116-109, Бруклин – Минеесота 85-100.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top