Милан се врати на победите во Серија А по изненадувачките реми натпревари против Верона и Карпи и триумфираше со 2-4 на гости против Фросиноне во рамките од 17.коло во Серија А лигата. Палермо загуби на гостувањето кај Сампдорија со 2-0, а македонскиот интернационалец Александар Трајковски го одигра целиот натпревар. Удинезе освои три бода на гости, со победата од 0-1 против Торино.
Фросиноне прв поведе со голот на Циофани во првото полувреме, но „росонерите“ беа подобри во вториот дел. Абате, Бака и Алекс направија пресврт, Диониси намали на 2-3, а конечниот резултат го постигна Бонавентура во судиското продолжение.
Сампдорија славеше над Палермо со 2-0, со головите на Роберто Соријано и на Давид Иван.
Frosinone vs AC Milan ( 2:4 ) All Goals | Serie… by HDFootball2015
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)