| четврток, 6 декември 2018 |

Лажни афери за врвот на ВМРО-ДПМНЕ

lk-licni-karti-1

Случајoт со лажните банкарски сметки и странски пасоши  кои се изработувале во погонот во Скопје што полицијата го откри завчера отвора многу сомнежи. Истрагата на Организиран криминал и на Јавното обвинителство овој случај го поврзаа со аферата „фалсификувани лични карти“.

Постојат сомнежи дека фабрикуваните документи требало да бидат пласирани во јавноста како афери со кои би се оцрниле имињата на функционерите. Но истрагата го осуети обидот за калемење на афери за високи владини функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Извори од истрагата посочуваат дека досега имало обработено десет отсто од запленетите документи и компјутери, меѓу материјалите имало изработен фалсификат на бугарски пасош со име на познат функционер, а имало и лажна банкарска сметка од банка во Швајцарија, која била на име на на друг функционер, како и фалсификат изработени транскации дека од сметката се подигнувани многу пари.

На дел од фалсификуваните документи биле имињата на Зоран Ставрески, Никола Тодоров, Никола Попоски,  Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Антонио Милошоски, Мартин Протуѓер, Миле Јанакиески. Освен функционери од ВМРО ДПМНЕ имало и лажни документи на кои фигурирале имиња на високи функционери од ДУИ.

Постои сомневања, тврдат изворите од истрагата, дека групата сакала со лажни конструкции и фабрикувани афери да наштетат на владејачката партија, на лица од раководството како и нејзини функционери.Се коментира дека ова е уште еден показател и доказ дека оваа фабрика за фалсификати е наменски политички креирана од опозициските елементи и структури блиски до СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top