| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува по смртта: Исповед на девојка која се вратила од мртвите…

Ако некогаш сте се прашувале каков е задгробниот живот, ова е совршена прилика да дознаете! Во моментот на смртта, некоја чудна енергија ја носи вашата душа на другиот свет. Без разлика на која страна гледате, секаде има светлина…

 

– Иако веќе немате свое тело, имате чувство како да имате. Одеднаш ги знаете сите оние работи кои никогаш не сте ги знаеле додека сте биле живи.

Атмосферата е исполнета со смирувачки шепоти, многу гласови како да пеат само за вас. Во позадина се слуша музика од виолина, виолончело и харфа. Светлосните зраци како да ве разбираат.

Виши суштества ќе ве поздрават и ќе ви помогнат да се соочите со новонастанатата ситуација. Од овие суштества ќе добиете безусловна љубов!

А потоа, како некој да притиснал копче и ви го пуштил вашиот живот, наместо филм. Можете да го погледнете било кој дел од вашиот живот, од раѓање до смрт, како да имате далечински управувач.

После смртта, имате прилика да ги следите сите патишта кои не сте ги презеле кога сте биле живи, па да видите што би било доколку тоа сте го презеле.

Откако ќе го прегледате целиот свој живот, добивате ново тело, кое е направено од концентрирана светлина. Воопшто не сте загрижени за тоа како изгледате.

Горе ќе ве сретне ваш духовен водич, и иако никогаш не сте се сретнале на земјата, вие сепак се познавате. И повторно сте со своето семејство и пријателите.

Сфаќате дека смртта и не е толку страшна како што се чини, бидејќи сте вечни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top