„Бизнис инсајдер“ (Business Insider) објави видео во кое е објаснето што всушност се случува со фотографиите објавени на „Фејсбук“, објави порталот „ГСММакедонија“. Тие се сместени во складиште во Лулела, Шведска. Дури и во случај да ги избришете од вашиот профил тие остануваат сочувани во складиштето.
Станува збор за простор од 90.000 метри квадратни кој содржи десетици илјади сервери.
„Повеќе од милијарда корисници секоја недела се логираат на „Фејсбук“ каде објавуваат лични фотографии, видеа и текстови, а за толку податоци се потребни многу сервери и голем простор“, стои во објаснувањето на видеото.
„Фејсбук“ планира во текот на идната година да отвори уште еден простор за складирање на податоци од социјалната мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)