Ракометната репрезентација на Романија го освои третото место и бронзениот медал на Светското првенство, откако во малото финале ја совлада селекцијата на Полска со убедливи 31-22 и ја крунисаа добрата игра на шампионатот во последните две недели. Уште по првото полувреме беше јасно дека Романија е поквалитетен ривал, откако првите 30 минути ги доби со 15-8. Доминацијата продолжи и во второто полувреме, разликата беше и двоцифрена. Тоа е прв бронзен медал за романската репрезентација на Мундијалите откако пет пати претходно загубија во натпреварите за третото место. Најдобра ракометарка на теренот беше Кристина Неагу со десет гола и е една од кандидатките за освојување на МВП наградата.
Големото финале на програмата е со почеток во 17.15 часот, а се среќаваат Холандија и Норвешка.
Петтото место на СП го освои селекцијата на Русија, која ја совлада Данска со 25-21, а седмопласирана е Франција по убедливиот триумф (34-23) над Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.