| четврток, 6 декември 2018 |

Шакира насекаде заедно со синчето Милан

И малиот Милан виде како е да се биде дел од жирито на американското музичко шоу „Гласот“. Убавата Колумбијка го зеде со себе своето синче на снимањето и сподели две фотографии на „Твитер“ на кои се чини како двомесечниот Милан да оценува два настапа на натпреварувачите.

shakira

Триесет и шестгодишната пејачка почна со снимање на шоуто уште кога беше бремена, а тие епизоди дури сега се пуштени во јавноста. Таа и раперот Ашер во четвртата сезона на „Гласот“ ги заменија Кристина Агилера и Си Ло Грин како жири покрај Адам Левин од Марун 5 и кантри-пејачот Блејк Шелтон.

shakira 2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top