| четврток, 6 декември 2018 |

Манчини скромен: Јувентус е главен фаворит за скудетото

Roberto-Manćini

Интер игра одлично, „нероаѕурите“ имаат предност од четири бода во однос на второпласираните Фиорентина и Наполи, но искусен стратег како Роберто Манчини е свесен дека вистинските предизвици за неговиот тим допрва претстојат. „Нероаѕурите“ имаат предност од шест бода во однос на Јувентус, но нивниот тренер смета дека токму актуелниот првак ќе биде нивни главен ривал за скудетото.

– Се наоѓаме во предновогодишна еуфорија и секако дека ќе сториме се за да победиме против Лацио. Скудетото ни е голема желба, но јас сепак останувам на ставот дека Јувентус е најблизу до титулата. Интер е како „Фиат 500“, додека Јувентус е „Мерцедес“, конечно влезе во ритам и нанижа победи со кои се приближи до врвот. Бавниот старт на Јуве беше нормален бидејќи мораа да заменат тројца значајни играчи од лани, но веќе е јасно дека тие имаат многу конкурентен тим што е најсериозен кандидат за скудетото – изјави Манчини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top