Јордан Ѓурчевски од Скопје сподели статус на социјлната мрежа „Фејсбук“ полн со емоции. Статусот е за реална случка од вечерва.
„Извинете, јас морам да го споделам ова, инаку ќе ми пукне таму некаде внатре. Па вие како сакате сфатете го…
Тукушто се вратив од кино. Бев сам, да го гледам Малиот принц. Влегов во сала полна со деца и меѓу нив 4-5 жени кои си помислив дека се нивни учителки. Од некое школо или градинка си реков ги донеле да гледаат. Деца ко деца, викаа, си дофрлаа, се гледаше дека не им е баш интересно.
Меѓу нив имаше едно кое цело време ја шеташе салата горе – долу. Ги смени сите слободни седишта. Уште на почетокот дојде зад мене, ме допре на рамото и избега. Некаде при крајот, дојде и седна до мене. Забележав дека е различно од другите. Ме испитуваше, ме гледаше, ме допираше, се преместуваше од левото на десното седиште до мене. Го погалив по косата, и пробав да го задржам да седи до мене да го догледаме филмот. Ми пријде една од “учителките” и тивко, со глас како да се извинува ми вика: – Ние сме од СОС детското село и ги доведовме децата да го гледаат цртанов. Не му замерувај на ова дете. Има Даунов синдром, со посебни потреби и и си бара повеќе внимание.
Секако, и кажав да не се грижи. Го погалив пак по главата, го седнав до мене и го прегрнав со едната рака. Легна на седиштето до мене, ми ја навали главата на рака. Одеднаш стана, се премести на другата страна, ме гушна силно, се галеше некое време со главата во мене, ме бакна на образ и избега….
Неколку бакнежи во мојот живот ми останале како засушена плунка на лицево, и не сум сакал да ги измијам со денови. Со години. Знаете, она чувството ко ќе се исуши плунката и ќе ве затега некое време на местото, а вие сакате тоа време да не заврши. Неколку бакнежи биле тоа..
Последните од моите баби и дедовци, средниот од моите родители, кога ме пуштале во самостоен живот, првиот од Кристина, уште два-три други низ животов..
И овој денес. Бакнежот од Петар. Така се викаше.
Сите биле дадени без повод, со чисто срце и искрена намера. Петар ми ја стопли душава, ми го искрши срцево на сто дела и пак ми го состави, и за момент ми го тргна облакот од над мене. И тоа баш на Малиот принц. Коинциденција?
Денес сфатив. Не се тие деца со посебни потреби. Јас сум со посебни потреби. Тие се со посебни моќи.
Толку имав да кажам за денес. И за одредено време…“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ида Мантон, мајка на дете со Даунов синдром: Луциа не е тажна приказна, таа е мојата светлина!
-
Нина Костовска стана првото лице со Даунов синдром во Македонија кое дипломираше
-
Пред Школка во Градски парк во Скопје хуманитарна трка за деца со Даунов синдром
-
Светски ден на Даунов синдром: 1.589 луѓе облекоа шарени чорапи во Зеница и го соборија светскиот рекорд (видео)