Предновогодишната работилница која се одржа вчера во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје, донесе уникатни новогодишни честитки и дружба на македонските дизајнери со лицата со Даунов синдром.
Модните дизајнери Ирина Тошева и Олгица Ѓоргиева, графичкиот дизајнер Емилија Мишова Старова и студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот Универзитет, разменуваа идеи и ги поттикнуваа вештините на лицата со Даунов синдром.
Работилницата која беше организирана од „Јавна соба“ и Моден викенд Скопје, со помош на активистките Марија Матовска и Росица Колева кои долги години се занимаваат со поддршка на лицата со Даунов синдром, има за цел да допринесе за личниот развој и рамноправен статус на овие лица во нашето општество, како и да покаже дека и покрај својата попреченост лицата со Даунов синдром се со многубројни таленти.
Во Македонија постепено се зголемува бројот на организации и индивидуалци кои посветуваат големо внимание на развој и општествена инклузивност на лицата со Даунов синдром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ида Мантон, мајка на дете со Даунов синдром: Луциа не е тажна приказна, таа е мојата светлина!
-
Нина Костовска стана првото лице со Даунов синдром во Македонија кое дипломираше
-
Пред Школка во Градски парк во Скопје хуманитарна трка за деца со Даунов синдром
-
Светски ден на Даунов синдром: 1.589 луѓе облекоа шарени чорапи во Зеница и го соборија светскиот рекорд (видео)