Полицијата го откри погонот за фалсификуваните лични карти, јавува Алфа. Според информациите на телевизијата едно лице дел од структурите на СДСМ е приведено под сомнение дека стои зад аферата со фалсификувани лични карти, која неодамна ја објави неделникот „Фокус“.
Според информациите на Алфа полицијата во текот на вчерашниот ден во координација со Јавното обвинителство го расчистила случајот кој што го објави Фокус и медиумски го експлоатираше СДСМ.
Извор за Алфа посочува дека по наредба полицијата извршила претрес во 2 објекти во Скопје каде е откриен погон и внатре се откриени фалсификувани лични карти, пластични обрасци, фолии за пластифицирање, машини за производство на фалсификат лични карти и пасоши.
Полицијата при претресот одземала и неколку компјутери на кои според информациите на телевизијата имало лични податоци фотографии за изработка на документи како и аудио фајлови и други податоци важни за натамошната истрага.
Според извори на Алфа приведени се неколку лица за кои постои сомнеж дека се вмешани во аферата меѓу осомничените и и лице дел од структурите на СДСМ. Неофицијано Алфа дознава дека токму тоа лице било во контакт со новинари блиски до опозицијата кои требале да ги пласираат фабрикациите.
Од првичната проверка, осомничениот бил во контакт со лице кое е претходно обвинет во случајот Шпион. Алфа потврда за овој случај побара од надлежниот јавен обвинител и оттаму одговориле дека во текот на денот ќе излезат со детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.