Надија Муарт Баси Таха( 21) е припадничка на јазидскиот народ, а нејзиното страдање почнало на северот од Ирак кога џихадистите влегле во нејзиното село во август минатата година и ја одвеле во Мосул, пренесува британскиот таблоид „Дејли Мејл”.
„Ги донесоа автобусите и во нив внесоа повеќе од 150 јазидски семејства. Не малтретираа по целиот пат, не тепаа и не допираа”, рекла Надија започнувајќи ја со мака својата приказна пред 15- те членови на Советот.
Ја однеле, како што вели во некоја зграда на ИС, каде нашла илјадници језидски семејства и деца кои биле разменувани како воен плен.
„Ми пријде еден маж со цел да ме поведе со себе. Гледав во подот, потполно скаменета. Кога го подигнав погледот, видов огромен маж. Изгледаше како чудовиште”- се присетува со ужас.
Тогаш, почнала да плаче и да му вика како е премлада, а тој огромен, по што тој ја претепал, а подоцна и пришол друг маж поситен по раст.
„Го проколнував да ме поведе со себе, бидејќи тој првиот толку ме преплаши”, раскажува таа, додавајќи дека вториот од неа барал да ја промени верата, што одбила, а потоа ја прашал да се омажи за него.
Потоа следувала пеколна ноќ, зошто најпрво ја претепал и побарал да ја соблече облеката, а потоа ја затворил во соба со чувари, кои се ределе врз неа додека таа не се онесвестила.
Надја успеала да побегне после три месеци тортура и сега живее во Германија, но милитантните активисти на ИС убиле неколку нејзини браќа.
Младата девојка со својата приказна ги шокираше лидерите на светската организација и на крајот им порача: „Ве проколнувам уништетеја во потполност Исламската држава”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)