| четврток, 6 декември 2018 |

Заев одбива да предаде материјали, Спасовски не спроведува закон, Катица параван за правдање

Zaev-Janeva1

Лидерот на СДСМ Зоран Заев одбива да предаде материјали, техничкиот министер Оливер Спасовски не спроведува закон, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е параван за правдање.

Ова накратко е шемата по која се однсува СДСМ. Заев со самото одбивање да ги предаде материјалите директно го крши законот по повеќе основи но и го повредува Пржинскиот договор на кој јавно се обврза. Најмалку 4 пати тој јавно изјавуваше пред јавноста дека согласно роковите веднаш ќе и ги предаде материјалите на Катица со што уште еднаш докажа дека не си стои на зборот.

Но тој има и законска обврска да го направи тоа, согласно постоечките и претходно важечки закони но и според законот за заштита на приватноста. Членот 2 е јасен дека Секој кој поседува материјали од незаконско следење на комуникации согласно член 1 од овој закон е должен во рок од 20 дена од денот на влегување во сила на овој закон да ги предаде материјалите на надлежниот јавен обвинител, согласно закон. Роковите за тоа одамна поминаа, особено што законот стапи во сила во ноември и се активираше оваа одредба од законот.

Но овие законски нормативи го обврзуваат и Оливер Спасовски да дејствува. Тој има должност како министер за внатрешни работи да дејствува и да го спроведе законот обезбедувајќи ги материјалите. Изговорот за непредавањето е Катица Јанева која според СДСМ немала услови за чување на предметите. Овој аргумент дотолку недржи бидејќи Катица од обвинителството досега доби над 30 сериозни предмети, како случајот Пуч кој е комплексен случај во кој се обвините Заев Верушевски, Палифров, и други, случајот со донацијата од израелската влада и други сериозни случаи., така да се поставува отворената дилема како Катица ги чува овие случаи а не може да ги чува материјалите на Заев, и дополнителната дилема како може штабот на СДСМ да е поголема гаранција за безбедноста за материјалите од специјалното обвинителство.

За сето ова Катица Јанева молчи и дозволува во нејзино име да говори СДСМ, да поставува барања и нергументирани услови. Повеќе од јасно е дека Катица игра по нотите диктирани од СДСМ. И на крај доколку безбедноста на тие материјали е во прашање, повторно е повикан Оливер Спасовски кој преку министерството треба да обезбеди заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top