Чикаго и Детроит го одиграа најдолгиот натпревар во НБА-лигата сезонава, што заврши со триумф на пистонси од 144-147 дури по четири продолженија, само тринаесетти меч во историјата на НБА во кој победникот се решавал по дополнителни 20 минути игра. Дерик Роуз пропушти можност да ја донесе победата на Чикаго промашувајќи го последниот шут во регуларниот дел од мечот, по што во трите продолженија можеше да се проследи апсолутно израмнет натпревар без победник. Детроит го отвори четвртото продолжение со серија од 7-0, создавајќи предност што потоа знаеше да ја задржи и да стигне до триумф, воедно прекинувајќи ја серијата од четири победи на Чикаго.
Драмонд со 33 поени и 21 скок беше најзабележителен кај победничкиот тим, заедно со Џексон и неговите 31 поен и 13 асистенции. На Чикаго не му помогна ниту најдобриот меч во кариерата на Батлер, кој реализираше 43 поени, Гасол го заврши натпреварот со 30 поени и 15 скокови, Роуз постигна 34 поени, но и тоа беше премалку за „биковите“ да слават над Детроит.
Шампионот Голден стејт успеа да му се одмазди на Милвоки за единствениот пораз оваа сезона и на домашен паркет славепе со 121-112. Повторно Стеф Кари и другарите имаа проблем со противникот, но стигаа до победата во последниот период од играта откако имаа негатива од 11 поени на осум минути до крајот. Фуризониот финиш кои го имаа кошаркарите на Годен стејт го одлучи победникот. Клеј Томпсон беше најефикасен со 27 поени, додека Стеф Кари реализираше 26 поени, надополнети со 10 скокови и девет асистенции.
Сан Антонио ја продолжи победничката серија на домашен терен, триумфирајќи над Лос Анџелес клиперс со 115-107. Отпорот на гостите беше скршен во последната четвртина, што „мамузите“ ја добија со 30-19 и стигнаа до 15. победа пред своите гледачи сезонава. Олдриџ го предводеше Сан Антонио со дабл дабл од 26 поени и 13 скокови, Тони Паркер постигна 21, а Леонард 19 поени во овој триумф додека кај клиперси најефикасен беше Крис Пол со 27 поени.
НБА резултати:
Мајами – Торонто 94-108, Филаделфија – Њујорк 97-107, Индијана – Бруклин 104-97, Орландо – Портланд 102-94, Бостон – Атланта 101-109, Чикаго – Детроит 144-147 (по прод.), Минесота – Сакраменто 99-95, Сан Антонио – ЛА клиперс 115-107, Далас – Мемфис 97-88, Јута – Денвер 97-88, Голден стејт – Милвоки 121-112, Феникс – Њу Орлеанс 104-88.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)