Групата позната како БАКА (BACA “Bikers Against Child Abuse”) што е кратенка од „Моторџии против злоставување на деца“ со години штити деца од насилство, било тоа да се случува во семејството, дома или надвор, во училиште.
БАКА има 3000 членови ширум светот, а голем број од нив и самите биле жртви на насилство.
Нивната мисија е да допринесат ниедно дете да не живее во страв.
-Ако некое дете се плаши да оди во училиште заради слоставување, ние сме тука да го испратиме, ако опасноста демне дома, можеме и да преспиеме во дворот, за да се чувствува безбедно- вели лидерот на оваа група.
Родителите и старателите кои ги малтретираат децата најчесто се кукавици кои кога ќе видат група на страшни моторџии во кожени облеки ја исфрлаат идејата да се истресуваат врз дечињата.
Видеото е дел од нивната работа. Еден случај на БАКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)