Зоран Заев, лидерот на СДСМ пред да се избере специјалниот јавен обвинител тврдеше дека кога истиот ќе се избере, тој ќе ги предаде разговорите. Па така, на 4-ти септември годинава, Заев ја даде оваа изјава:
-Остануваме да го почитуваме договорот, ако има специјален обвинител, ќе ги предадеме материјалите, рече тој.
По три ипол месеци од изјавата Заев сѐ уште не го исполнил она што го вети. Сега со ново „ако“. Заев ги проби сите рокови, не го испочитува договорот од Пржино, не го испочитува СЈО, а најмалку го испочитува звојот збор.
Материјалите не се предадени со што Заев ја прескокнува својата законска обврска која му налага предавање на материјалите, а Катица Јанева служи како параван за оправдување да не ги предаде тие материјали.
„Мора да бидат обезбедени соодветни услови, а колку што сме информирани во СЈО за да се чуваат тие материјали оти се навистина во најголем процент од доверлива природа. Ние законскиот основ го исполнивме. Кога ќе обезбеди државата соодветни услови за чување на тие материјали, како што е обврска по Законот, најверојатно ќе биде побарано од нас да ги доставиме материјалите. Ние сме подготвени во секој момент, штом ќе биде побарано од нас, да ги доставиме материјалите”, вели сега Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)