По нападите во Париз на 13 ноември, во Франција се преземаат серија на безбедносни мерки на јавните места и посебно во јавниот транспорт, јавува МИА од францускиот главен град.
Директорот за безбдност „Ер Франс“, Жил Леклер денеска соопшти дека оваа авиокомпанија ја засилила контролата на патниците, па сега го проверува идентитетот на сите оние што патуваат со нејизните летака во Шенген просторот.
Сите авиони на „Ер Франс“ кои се враќаат од сервисно одржување се подложени на детални контролирани. Компанијата става пломби на сите можни отвори на авионите, до кои може да се простапи од надвор, со цел да осигура дека во нив не е ставен предмет пред летот. Ваквите мерки ќе важат и за поштата и за количките со храна.
Покрај ова, „Ер Франс“ ја прекинува праксата со која членовите на персоналот на леталата им беше дозволено во авионот да внесуваат шишиња со повеќе од 100 милилитри течност.
„Ер Франс“, според сопствените, проценки поради нападите во Париз, ќе загуби 50 милиони евра од својот промет во ноември.
Во исот време и француската државна железница СНЦФ започна со инсталирање на електронски врати за контрола на патниците, кои досега постоеја само за возовите Евростар, што сообраќаа на реалцијата Париз – Лондон.
Со вакви уреди сега ќе бидат опремени и влезовите на линијата Париз – Брисел, на која беше спречен атентат по интервенција на американските војници на отсуство и група патници.
Според најавите, речиси сите железнички станици во поголемите француски градови треба да бидат опремени со електронски безбедносни врати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.