Мирзад Бркиќ (30) од Сараево, синот на познатата пејачка Ханка Палдум, уапсен е на 16 декември на граничниот премин Каракај.
За време на редовна контрола во автобусот кој сообраќа на релација Белград – Сараево на влезот во БиХ, со граничните проверки утврдено е дека по Мираз има издадено потерница од страна на Општинскиот суд во Сараево и тоа поради тешко кривично дело за нарушување на сигурноста на јавниот сообраќај.
Бркиќ е осомничен како сторител на дека предизвикал сообраќајна несреќа која се случила на 14 јануари минатата година во сараевската населба Грбавица. Бркиќ кој бил под дејство на наркотици управувајќи со теренец Нисан ги прегазил пешаците Аријана Ж.(54), Исмета К. (52) и Магбула Џ. (59) и им нанел тешки телесни повреди.
Судењето на Бркиќ требало одамна да почне но тој не се јавувал на судските покани по што судот распишал потерница по него, а врз основа на тоа тој бил уапсен завчера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апсења поради закани со смрт на Вучиќ и неговото семејство
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Во Белгија уапсен фудбалскиот агент Драган Сиљаноски, како дел од скандалот со наместените натпревари