| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер повеќе ќе одмора отколку што ќе игра во 2016 година

federer

Најдобриот светски тенисер Роџер Федерер го објави својот календар на настапи за 2016 година, а од него може да се заклучи дека тој драстично ги намалува бројот на турнири на кои ќе учествува и акцент е ставен на Олимписките игри во Рио 2016 година, што значи дека полека се подготвува за пензија.
За разлика од претходните години кога беше неприкосновен на терените, кога настапуваше па повеќе од 20 турнири, во новиот распоред лесно се забележува дека тој ќе игра на сите четири гран-слеми и само на пет мастер-турнири. Сезоната ќе ја почне во Бризбејн, по што ќе игра на Отвореното првенство на Австралија, а по првиот Мастерс, во Индијан Велс, ќе направи пауза од два месеци и ќе игра дури на Ролан Гарос. Тоа значи дека ќе ги пропушти мастерсите во Мајами, Монте Карло, Мадрид и Рим, а од бетонот директно ќе замине на францускиот Гран-слем. За професионалните тенисери постои правило да настапат барем на седум настерси во сезоната, но за Федерер тоа не важи бидејќи исполнува други услови: има повеќе од 600 одиграни натпревари на овие турнири и повеќе од 31 години. Вториот дел од сезоната ќе биде понапорен за Федерер бидејќи тогаш ќе игра на турнирите на кои вообичаено се појавува како Торонто, Синсинати, Шангај, Базел и Париз. Очигледна е желбата тој да ги сочува силите за олимпискиот турнир, кој почнува на 8 август, точно на неговиот 35. роденден, и да се обиде да стигне до единствениот трофеј што му недостига во кариерата.

federer raspored

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top