| четврток, 6 декември 2018 |

Признанието на Спасов за точноста на анкетите на ИРИ и „Брима Галуп“ уште еден доказ дека СДСМ се плаши од избори

Се потврди дека се валидни тезите дека СДСМ сакаат да избегаат од избори.

spasov

Тоа можеше да се види и од настапот на првиот човек на агенцијата „Рејтинг“ и поранешен министер и амбасадор на СДСМ, Ѓорги Спасов, кој иако претходно ги негираше, вчеравечер ја призна точноста на анкетите на ИРИ и „Брима Галуп“ во кој ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ, со што се откри дека слабата поддршка од народот е причина најголемата опозициска партија да бега од изборите.

– Јас сметам дека било која агенција да спроведе истражување на професионален начин како што ова го има направено „Брима Галуп“ ќе ги добие овие резултати кои што ги објави „Брима Галуп“ и јас не ги спорам бројките кои се објавени, вели Спасов во емисијата „Акцент“ која се емитуваше на МРТ.

Инаку, најновата анкета на една од најреномираните агенции „Брима Галуп“ во соработка со неделникот „Република“, прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Огромни 70,2% од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има поголема поддршка од граѓаните, наспроти 11,2% кои сметаат дека СДСМ има поддршка од граѓаните.

 

chart-41

Дури 55,9% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на следните избори, наспроти 12,1% кои мислат дека победник ќе биде СДСМ.

chart-39

Никола Груевски и понатаму е политичарот со најголема доверба кај граѓаните со високи 32,3% пред Зоран Заев кој ја ужива довербата на 9,1% од испитаниците.

 

chart-38

На прашањето за која партија би гласале доколку следната недела би се одржале нови парламентарни избори, резултатите се 33,3 % за ВМРО – ДПМНЕ, а 14,7 отсто за СДСМ.

chart-37

Иако пред неколку дена Спасов ги критикуваше анкетите на ИРИ и на „Брима Галуп“ тој сепак призна дека згрешил.

– Се доби впечаток дека се работи за различни податоци, но јас го поправив статусот првичен, реков дека не се работи за манипулација на „Брима Галуп“, туку дека се работи за две анкети кои што се спроведени, кои најверојатно имаат идентични резултати и се спроведени професионално.

Со ваквото ретерирање и тврдење дека анкетите на „Брима Галуп“ се точни, а не погрешни, Спасов практично признава дека СДСМ се плаши дека ќе ги загуби изборите и дека ВМРО-ДПМНЕ има голема предност, каква што е забележана во анкетите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top