По прв пат во европската историја ќе се одржи одбојкарски пријателски натпревар меѓу словенечки и хрватски олимпијци, репрезентативци, спортисти, студенти, професори и други јавни личности, преку жичената ограда на границата во Истра.
Првото полувреме ќе се одигра на граничниот премин Луција- Брезовица, а второто на преминот Драгоња- Каштел.
Се работи за вид на протест заради словенечкото поставување на жичена ограда на границата, а организатор е градот Пула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


