Роман Абрамовиќ одлучи дека тренерот е виновен за лишоте резултати на неговиот клуб и денеска го отпушти Жозе Мурињо. За Тиери Анри, пак, кој важи за голем фан на португалскиот стратег, виновни се само играчите на Челси.
– Емоциите ми се измешани, Сметав дека Челси мора да промени нешто за момците да се разбудат, но направија грешка. Го отпуштија најдобриот тренер во својата историја и еден од најдобрите во целиот свет. Мислам дека за неуспесите управата требаше да ги обвини фудбалерите. Сепак, не можете да ја отпуштите цела екипа, но затоа можете тренерот – изјави Анри.
До крајот на сезоната тренер на Челси ќе биде Холанѓанецот Гус Хидинк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.