Пени Хејген од Минесота пронашла жаба во кутијата со макарони. Се работи за тробојните макарони на „Барила“.
Како што раскажала за „Фокс“, Хејген прво искористила половина од макароните и ја оставила кутијата во кујната. Нејзиниот сопруг по грешка ја турнал и кутијата се истурила, а меѓу макароните го пронашле и овој водоземец.
Таа го пријавила случајот и во Дирекцијата за заштита на потрошувачи, но и во „Барила“. Од компанијата и пратиле заштитен контејнер и ја замолиле во него да и ги испрати остатоците од макароните и жабата, за во нивната лабораторија да испитаат дали жабата навистина се нашла во кутијата и ако да, како се случило тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.