Од утре, 10 мај, долгометражниот игран филм „Жаба“ во режија на Елмир Јукиќ, ќе се прикажува на редовниот репертоар на кината Синеплекс, Скопје.
Жаба“ со маестралниот Емир Хаџихафизбеговиќ во главната улога е драма која бавејќи се со траумите на поствоеното општество, денес присутни во целиот свет, трага по смислата на живеењето и отвора поглед кон иднина која е оптимистична.
Сценариото за овој филм го напишаа Пјер Жалица и Елмир Јукуќ, а истото базира на истоимената театарска претстава по текст на Дубравко Михановиќ, која е регионален хит и во текот на изминатите десет години е одиграна над 260 пати.
Покрај Емир Хаџихафизбеговиќ играат и Александар Сексан, Мирсад Тука, Моамер Касумовиќ.
„Жаба“ е копродукција помеѓу Рефреш Продукција од Босна и Херцеговина, Скопје Филм Студио, Пропелер Филм Хрватска и Ливинг Пикчрс Србија. Филмот беше поддржан од националните фондови на земјите копродуценти и од фондот на Советот на Европа за поддршка на европски филмски копродукции ЕУРИМАЖ.
Филмот беше премиерно беше прикажан на 23. Сараевски Интернационален Филмски Фестивал, а на 38. ИФФК „Браќа Манаки“ освои Бронзена Камера 300, скопската публика може да го гледа во текот на наредните 7 дена на проекциите закажани во 19 часот во Кината Синеплекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.