| четврток, 6 декември 2018 |

Борко со Некар-Левен се пласираше на фајнал-фор од Купот на Германија (видео)

crven karton

Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски се пласираше со својот тим Рајн Накар-Левен на завршниот турнир во Купот на Германија откако во четвртфиналето со многу среќа и судиски одлуки кои во најмала рака се чудни, стигна до победата над Мелсунген од 22-21.
Мелсунген при резултат 21-21 го имаше последниот напад, но Апелгрен со одлична интервенција ја сочува својата мрежа, судиите одбиената топка му ја доделија на домаќинот.
Гостинските ракометари се обидоа да задржат некоја секунда од преостанатото време, но скапо платија поради тоа, бидејќи арбитрите на една секунда до крајот му покажаа црвен картон на Тони Шнајдер, згора тоа досудувајќи пенал иако во моментот на прекинот топката беше во шесте метри на Некар Левен. Погледнете што се случуваше во последните десет секунди од овој суперинтересен дуел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top