| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографот на „Република“, Ѓорги Личовски, ја доби наградата на УНИЦЕФ за фотографија на годината

Фотографот на „Република“, Ѓорги Личовски, ја доби годинашната награда на УНИЦЕФ за фотографија на годината.

dzole unicef

Личовски денеска се наоѓа во Германија каде што присуствуваше на доделувањето на наградата.

Секоја година, УНИЦЕФ Германија и Гео Германија (од издавачката куќа „Грунер + Јар“) доделуваат „УНИЦЕФ Фотографија на годината” за фотографии и фото галерии што најдобро го отсликуваат карактерот и условите за живот на децата низ целиот свет на извонреден начин.

Unicef-Foto des Jahres 2015

– Македонскиот фотограф Ѓорги Личовски е победник на конкурсот „УНИЦЕФ Фотографија за 2015 година“. Неговата репортажа ја отсликува состојбата со бегалците на границата меѓу Грција и Македонија, информираат од УНИЦЕФ.

Unicef-Foto des Jahres 2015

– На 21 август 2015 година, на грчко –  македонската граница, се случи трауматична ситуација за две деца бегалци што беше проследена од фотографот Ѓорги Личовски. Тој верувал дека за време на неговиот живот како фотограф веќе видел што е страдање, од распадот на Југославија до протерувањето на стотици илјади косовски Албанци. Но, вознемирувачката ситуација што тој ја посведочил таму ги расплакала и него и неговите колеги, објаснуваат од организацијата.

 

Unicef-Foto des Jahres 2015

Со цел да допрат до чувствата на македонските гранични војници, некои бегалци ги испраќаат своите жени и деца до нив. Во масата на луѓе што се туркаат, децата се одвојуваат од родителите и понекогаш се носат преку границата од непознати лица, додека нивните родители и роднини остануваат заглавени на граница. Уште една трагедија во рамките на оваа глобална трагедија што започнува во Авганистан, Ирак и Сирија – и очигледно не завршува во Европа.

Unicef-Foto des Jahres 2015

Според проценките на УНИЦЕФ, околу една четвртина од 730.000 бегалци што пристигнале во Европската унија преку балканските држави во периодот од јануари до ноември 2015 година се деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top