| четврток, 6 декември 2018 |

Фенербахче против Бенфика, европскиот првак Челси на мегдан со Базел

Фенербахче против Бенфика и Челси со Базел се полуфиналните двојки во Лигата на Европа. На првите натпревари на 25 април домаќини ќе бидат Фенербахче и Базел. Реваншите се една седмица подоцна, на 2 мај во Лисабон и во Лондон.

Интересно е што турскиот и тимот од Швајцарија дебитираат во полуфинале на европските купови, а Челси и Бенфика се екипи што имаат огромно искуство и биле европски прваци.

Домаќин на финалето во Лига на Европа сезонава ќе биде Амстердам, на 15 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top