| четврток, 6 декември 2018 |

Претставата за деца „Волшебната шума“ премиерно во велешкиот театар

Новогодишна претстава за деца – „Волшебната шума“ ќе биде изведена денеска, 17 декември, на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинив-Џинот“ во Велес.

Претставата, која е обработка на популарната приказна на браќата Грим „Јованче и Марика“, е во драматизација на Катерина Момева, а во режија на Деан Дамјановски.

– Како што појасни на денешната прес-конференција режисерот Деан Дамјановски, ова е класична претстава за доброто и злото, со низа сплетки и доживувања. И на крајот лошите деца стануваат добри – нагласува Дамјановски.

Вели дека ова му е шестта детска претстава и шеста во велешкиот Народен театар. Во претставата играат помладите актери на велешкиот Народен театар: Жарко Спасовски, Талија Настова, Фаик Мефаилоски, Кети Борисовска, Марија Стефановска, Драгана Босниќ и Александар Цветановски. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, а музиката на Димитар Андоновски.

Младата актерка Талија Настова вели дека оваа ѝ е прва уога во детска претстава и дека на последните претстави ја почувствувала магијата на новогодишната ноќ и дека се присетила за своето детство и кога била во публика и возбудена и среќна го чекала доаѓањето на Дедо Мраз.

Актерот Жарко Спасовски појасни дека претставата има и голема порака до децата, да не бидат лакоми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top