Кадарот на СДСМ, Љупчо Николовски, дополнителниот заменик-министер за земјоделство, денеска во Велес остана без одговори во соочување со земјоделците кои од него побараа одговор зошто опозицијата гласа против одлуката за исплата на субвенциите. Наместо одговори, тој недоличен и кавгаџиски се нафрли со обвинувања кон нив.
Земјоделците му предочија Николовски дека тој е нелегитимен затоа што неговата партија не победила на изборите, а тој не ја добил нивната подршка. Наместо одговори тој ги навреди посочувајќи им дека се изманипулирани.
Земјоделците упорно бараа од новиот заменик-министер да даде објаснување зошто СДСМ се обиделе да го блокираат буџетот, а кој предвидува исплата и на субвенции.
Не можејќи да најде решение за ситуацијата во која се најде, заменик-министерот Николовски, си замина од ова негово прво реално соочување со земјоделците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


