| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: За „Гардијан“ посочив дека за било какво решение, граѓаните ќе одлучат на референдум

Anketna komisija prislusuvanje - Gruevski (13) (Large)

Насловот на статијата на „Гардијан“ е новинарски коментар, а не моја изјава, истакна премиерот Груевски во врска со неточните интерпретации на насловот на „Гардијан“- „Македонија отворена да го промени името за да стави крај на 24-годишниот спор со Грција“.

По писмената реакција испратена од неговиот кабинет, премиерот денес одговарајќи на новинарско прашање даде коментар за ова интервју.

-Повеќе од 10 години давам стандардна изјава околу ова прашање, за сите медиуми и домашни и странски. Тоа е дека сакаме да отвориме дијалог со Грција, сакаме да имаме дијалог со Грција, дека сакаме да најдеме некое решение и да најдеме некаков компромис со кој што ќе се надмине проблемот. Какво и да најдеме решение, тоа ќе го изложиме на увид и согласност на граѓаните на организиран референдум. Тоа го говорев и во 2005-та, тоа го говорев и во 2008-ма, во 2012-та и сега во 2015-та. Тоа го говорам и тука кога ме прашувате во Македонија, тоа го говорам и кога ме прашуваат странски медиуми. Зошто некој сакал од сето тоа да извлече друг наслов, поинаков наслов, нешто што не сум го говорел, сигурно има некаква причина, истакна Груевски.


Потсетуваме, во интервјуто за „Гардијан“, Груевски изјавува дека Македонија е подготвена да разговара за да се најде некакво решение, за кое потоа ќе бидат прашани граѓаните, дали е тоа правилно или не.

– Подготвени сме да разговараме, да започнеме дијалог со нив, и да најдеме некакво решение. Сакаме колку што е можно побрзо да започнеме дијалог со Грција за изнаоѓање решение, и доколку најдеме решение потоа сакаме да им се обратиме на граѓаните и да организираме референдум. Преку разговор мораме да најдеме некакво решение, и потоа да ги прашаме граѓаните: дали е ова правилно или не е? – вели Груевски во изјавата пренесена од „Гардијан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top