| четврток, 6 декември 2018 |

Ангеловски: Задоволен сум од изминатата сезона, ме очекуваат нови предизвици

Igor-Angelovski-sport153-1

Новиот селектор на Македонската фудбалска репрезентацијата Игор Ангеловски ја доби наградата за најдобар тренер за сезоната 2014/2015.
Тој со Работнички стигна до второто место во националното првенство, го освои Купот на Македонија и оствари голем успех во „романтичарите“ во квалификациите за Лигата на Европа. Тој со својот тим успеа да стигне до четвртото коло од квалификациите притоа елиминирајќи ги Транс Нарва, Јелгава и Трабзонспор. Со надеж дека успесите од клупското ниво ќе ги пренесе и во македонската репрезентација, тој е подготвен за новиот предизвик.

– Навистина сум среќен, бидејќи оваа награда ја сфаќам како една голема сатисфакција за сработеното и сите резултати што сите ги постигнавме во клубот и јас како тренер. За еден успешен клуб да фунцкионира на високо ниво потребни се многу работи. Јас ги имав тие прекрасни фудбалери и ми беше чест да работам со нив и раководството предводено од господинот Поповски, кој ни овозможи услови за сето тоа да фунцкионира. Секако тука е подршката од моето семејство од сопругата и моите дечиња Лука, Луна и Леа. Горд сум на сите резултати кои ги остваривме. Пред мене сега е еден нов предизвик, селекторското место, каде планирам да одговорам максимално професионално и одговнорно, бидејќи поинаку не знам, сѐ со цел нашата репрезентација да бележи подобри резултати од моменталните – изјави Ангеловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top