Синоќа во Холивуд се одржа светската премиера на седмото продолжение на „Војна на ѕвездите“.
Светските медиуми пренесуваат дека немало ниту еден незадоволен гледач. Познатиот љубител на серијалот „Војна на ѕвездите“ и филмски критичар на веб-страницата „Слашфилм“ напиша дека е одушевен од продолжението „Силата се буди“.
– Тоа е сѐ она што го сакавме од „Војна на ѕвездите“. Филмот ме расплака неколкупати. Разговарав со многу луѓе на забавата по премиерата и иако многумина се колебаа дали да дадат дефинитивен суд по првото гледање, не чув дека некому не му се допадна. Со поголемиот дел од луѓето со кои разговарав сметаат дека е подобар од претходните продолженија, а некои го оценија и како втор најдобар во серијалот. Едно е јасно. „Војна на ѕвездите“ се врати и сите со нетпрение го очекуваат продолжението на франшизата – пишува во критиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.