| четврток, 6 декември 2018 |

Коби и Леброн предводници на своите тимови до победите (видео)

lejkers

Екипата на ЛА Лејкерс ја прекина низата од четири порази и на домашен терен славеше над Милвоки со 113-95. Предводник на „езерџиите“ беше ветеранот Коби Брајант кој потсети на своите најдобри денови. Предноста која ја создадоа тој и неговите соиграчи во третата четвртина (31-20) кога ја имаа и најголемата предност од 79-57 што беше доволна за високата победа.
„Црната мамба“ беше најефикасен во своите редови со 22 поени, а Расел додаде уште 19, додека кај Милвоки најмногу се истакна Картер Вилијамс кој постигна 19 поени.

Интересно беше и во Бостон, каде Леброн Џемјс го водеше Кливленд до нова победа во НБА-лигата (89-77). На полувремето Кливленд имаше негатива од шест поени (40-46), но Џејмс блесна и со вкупно 24 поени го одведе неговиот клуб на првото место во Источната конференција. Втор стрелец во победничкиот состав беше Кевин Лав со 20 поени, додека кај Бостон најмногу се истакна Бредли со 17 поени.

Во останатите два меча од синоќешната програма Денвер ја изненади Минесота (112-100), додека Сакраменто на домашен терен извојува убедлив триумф над Хјустон (107-97).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top