| четврток, 6 декември 2018 |

Поради дојава за бомба затворени сите училишта во Лос Анџелес

­ Сите јавни училишта во реонот на Лос Анџелес се затворени поради закана, соопшти портпаролката на училиштата во истоимениот округ во југозападната американска држава Калифорнија.

los angel

 

Таа не соопшти повеќе детали.

Мерката е преземена поради закана за поставена бомба. Деминери го пребаруваат училиштето за експлозивни средства, пишува весникот „Лос Анџелес тајмс“.

Округот Лос Анџелес е вториот по големина во САД. Над 640.000 деца и тинејџери се запишани во над 1.000 училишта во таа територијална единица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top