Сите јавни училишта во реонот на Лос Анџелес се затворени поради закана, соопшти портпаролката на училиштата во истоимениот округ во југозападната американска држава Калифорнија.
Таа не соопшти повеќе детали.
Мерката е преземена поради закана за поставена бомба. Деминери го пребаруваат училиштето за експлозивни средства, пишува весникот „Лос Анџелес тајмс“.
Округот Лос Анџелес е вториот по големина во САД. Над 640.000 деца и тинејџери се запишани во над 1.000 училишта во таа територијална единица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.