Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ги предупреди Турција и Македонија дека членството во Европската унија подразбира почитување на европските вредности и принципи, јавуваат денеска грчките медиуми во врска со средбата на Павлопулос со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во Софија.
- Ние сме за европска перспектива, но мора да расчистиме една работа. Партнерите кои сакаат да се присоединат кон ЕУ мора да научат да ги почитуваат воспоставените европски правила – рекол Павлопулос. Во однос со Македонија, според грчките медиуми, тој истакнал дека нашата земја „мора исто така да ја почитува историјата“. - Не можеме да живееме, коегзистираме и да преживееме во рамките на ЕУ во услови на фалсификување на историјата. Тие мора да го сфатат тоа – изјавил грчкиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција



