| четврток, 6 декември 2018 |

Според Павлопулос, за да влезе во ЕУ, Македонија мора да ја почитува историјата

исто

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ги предупреди Турција и Македонија дека членството во Европската унија подразбира почитување на европските вредности и принципи, јавуваат денеска грчките медиуми во врска со средбата на Павлопулос со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во Софија.

-­ Ние сме за европска перспектива, но мора да расчистиме една работа. Партнерите кои сакаат да се присоединат кон ЕУ мора да научат да ги почитуваат воспоставените европски правила – рекол Павлопулос. Во однос со Македонија, според грчките медиуми, тој истакнал дека нашата земја „мора исто така да ја почитува историјата“. -­ Не можеме да живееме, коегзистираме и да преживееме во рамките на ЕУ во услови на фалсификување на историјата. Тие мора да го сфатат тоа – изјавил грчкиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top