Рускиот напаѓач од редовите на Динамо Москва Александр Кокорин е пред трансфер во Премиерлигата односно во редовите на Арсенал. Според англиските медиуми менаџерот на „топчиите“ Арсен Венгер инсистирал токму Кокорин да биде првото засилување за тимот во зимскиот преоден рок кој започнува за две недели.
Челниците на двата клуба ги договориле условите и останува само формалност Кокорин да се пресели на островото. Висината на отштета изнесува осум милиони фунти, а деталите на неделната плата на фудбалерот не се обелоденети.
Арсенал е во проблеми со напаѓачите оваа сезона поради се почестите повреди и се очекува Кокорин кој на пет натпревари во руското првенство има постигнато четири гола, сериозно да ја засили конкуренцијата. За руската репрезентација настапува од 2011 година и на 36 меча има постигнато 10 гола. Тој својата кариера ја започна во Локомотив Москва, а настапуваше и за Анжи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.