Кумот и здравичарот на најновата манифестација Бадник ќе бидат претставени в петок, најави Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје, кое годинава 24-ти пат ја организира прославата.
Од одборот велат дека се направени сите подготовки за успешно одвивање на манифестацијата, па по претставувањето на новите кум и здравичар, на 27 декември, недела, од падините на Водно со традиционалното сечење на бадниците на скопјани ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.
– Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче, нафората и голтката топла ракија, во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик – велат организаторите на традиционалното славје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.