Ако навистина сакате оваа година да биде подобра од претходната, откажете се од овие 14 работи:
1. Кажете им збогум на гласовите во главата кои ви кажуваат дека не сте способни да правите нешто или да бидете некој.
2. Кажете ѝ збогум на потребата за одобрување. На сите ни е потребно одобрување од другите одвреме-навреме, но не мора постојано да го барате.
3. Кажете им збогум на сите моменти на кои не сте биле горди и не заборавајте дека вие сте човечко суштество кое сè уште учи како да живее.
4. Кажете им збогум на ветувањата што не ги исполнивте.
5. Кажете им збогум на сомнежите и на негативноста од минатата година.
6. Кажете им збогум на времињата кога плачевте и чувствувавте болка.
7. Збогувајте се со луѓето што не сакаат да бидат со вас, тие не биле наменети да бидат во вашиот живот поради одредени причини. Фокусирајте се на оние луѓе што се околу вас.
8. Кажете им збогум на спомените што ги повторувате во вашата глава, без разлика дали се добри или лоши.
9. Кажете ѝ збогум на зависноста од вашиот телефон, лаптоп и социјалните мрежи. Поминувајте повеќе време во природа.
10. Кажете им збогум на сите незрели реакции и агресии.
11. Кажете им збогум на сите луѓе што ви недостасуваа, но кои немале исти чувства кон вас.
12. Збогувајте се со патувањата на кои не сте биле, градовите во кои никогаш не сте отишле или можностите што ги одминавте. Тоа нека ви биде потсетник дека, без оглед на тоа колку напорно се трудите, нема да имате секогаш контрола врз настаните.
13. Збогувајте се со сите физички недостатоци. Почнете да се сакате себеси какви што сте и променете го начинот на кој гледате на себе.
14. И конечно, збогувајте се со мислата дека следната година ќе биде иста и дека ништо нема да се промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.