| четврток, 6 декември 2018 |

БДП во третиот квартал пораснал за 3,5 проценти

бдп

Стапката на раст на бруто­домашниот производ (БДП) во третиот квартал годинава изнесува 3,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголем пораст е забележан во секторите: градежништво, 29,4 проценти, стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности, 15,9 проценти, финансиски дејности и дејности на осигурување, 11,7 проценти и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање и објекти за сместување и сервисни дејности со храна, за седум проценти. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третиот квартал годинава бележи номинален раст за 3,4 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто­домашниот производ изнесува 64,4 проценти.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 3,3 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележал зголемување во номинален износ од 2,9 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top