| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Ројс со нова повреда, ќе отсуствува најмалку две недели од терените

marko rojs

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, нема среќа со повредите. Тој повторно ќе биде надвор од терените најмалку две седмици откако го повреди бутниот мускул на вчерашниот натпревар од Бундес-лигата против Ајнтрахт Франкфурт. Тој мораше предвреме да го напушти теренот, а на негово место во игра влезе Шинџи Кагава.

Во текот на денешниот ден Ројс ќе ги мине деталните лекарски прегледи по што и дефинитивно ќе биде познато колкав период ќе отсуствува од терените. „Милионерите“ и без негова помош го победија убедливо Ајнтрахт Франкфурт со 4-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top