| четврток, 6 декември 2018 |

За десет месеци во Германија азил побарале 32.000 Косовци

 Flüchtlinge

Од јануари до крајот на октомври во Германија за азил аплицирале 32.000 косовски граѓани, јави косовската телевизија.

Во другите западноевропски земји, пак, бројот на косовските граѓани-азиланти е значително намален.

Овие податоци, како што јави дописникот на МИА, се изнесени на тркалезната маса на насловена „Вработувањето и миграцијата“, одржана во Приштина.

Според германската амбасадорска во Приштина, Ангелика Виц, проблемот лежи во тоа што секоја година по околу 30.000 Косовци, главно млади, се јавуваат на пазарот на труд, а нема можност сите да најдат работа.

Косовскиот министер за труд и социјална благосостојба, Арбен Абраши, смета дека вработувањето, образованието, миграцијата и реинтеграцијата се прашања од витален интерес за Косово, посебно кога се има предвид големиот број Косовци кои моментно се без работа.

На средбата било кажано дека бројот на неврабтените, заклучно со ноември годинава, изнесува 114.000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top