| четврток, 6 декември 2018 |

Чомски: ИД не може да биде поразена со воена сила

Noam Chomsky in Karlsruhe

-Исламска држава не може да биде поразена со воена сила, а со интензивирањето на воздушните напади на терористичката организација Западот ја зголемува веројатноста за големи терористички напади како тие во Париз од 13 ноември- изјави познатиот американски научник Ноам Чомски.

-­ Доколку Западот сака да ја намали можност од натамошни терористички напади, треба да се занимава со причините за терористичките напади во Париз- истакна Чомски.

Тој нагласи дека причините за тие напади се инвазијата на Ирак и Авганистан, како и вахабизацијата на сунитскиот ислам, што резултираше со интензивирање на глобалниот радикален исламизам. -­ Значи пред да прибегне кон бомбадирање на ИД на Блискиот Исток, Западот треба прво да се праша поради што дошло до сето ова- вели Чомски.

-­ Доколку сакате сето тоа да заврши, првото прашање кое треба да си го поставите е: Зошто сето ова се случило? Кои беа неспоредните причини и кои се подлабоките корени?- изјави Чомски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top