-Исламска држава не може да биде поразена со воена сила, а со интензивирањето на воздушните напади на терористичката организација Западот ја зголемува веројатноста за големи терористички напади како тие во Париз од 13 ноември- изјави познатиот американски научник Ноам Чомски.
- Доколку Западот сака да ја намали можност од натамошни терористички напади, треба да се занимава со причините за терористичките напади во Париз- истакна Чомски.
Тој нагласи дека причините за тие напади се инвазијата на Ирак и Авганистан, како и вахабизацијата на сунитскиот ислам, што резултираше со интензивирање на глобалниот радикален исламизам. - Значи пред да прибегне кон бомбадирање на ИД на Блискиот Исток, Западот треба прво да се праша поради што дошло до сето ова- вели Чомски.
- Доколку сакате сето тоа да заврши, првото прашање кое треба да си го поставите е: Зошто сето ова се случило? Кои беа неспоредните причини и кои се подлабоките корени?- изјави Чомски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро