Заводливата актерката на својот профил на Инстаграм вчера објави фотографија на која се бакнува со својот свршеник и го покажа луксузниот свршенички прстен.
– Мммм, епа ова се случи.Свршена. Дубаи. Среќа – напиша актерката под фотографијата која е снимена во пустина.
Ова е трет брак за актерката, која претходно беше мажена со кошаркарот Тони Паркер, а пред него беше во брак со актерот Тајлер Кристофер.
Хозе Антонио Бастон е претседател на латиноамериканската медиумска компанија „Телевиса“. Двојката е во врска веќе две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.