| четврток, 6 декември 2018 |

Трета среќа – Ева Лонгорија се сврши

E

Холивудската актерка и ѕвезда на серијата „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија (40) во Дубаи се сврши со својот избраник Хозе Антонио Бастон.

Заводливата актерката на својот профил на Инстаграм вчера објави фотографија на која се бакнува со својот свршеник и го покажа луксузниот свршенички прстен.

– Мммм, епа ова се случи.Свршена. Дубаи. Среќа – напиша актерката под фотографијата која е снимена во пустина.

Ова е трет брак за актерката, која претходно беше мажена со кошаркарот Тони Паркер, а пред него беше во брак со актерот Тајлер Кристофер.

Хозе Антонио Бастон е претседател на латиноамериканската медиумска компанија „Телевиса“. Двојката е во врска веќе две години.

ева

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top